Со Информак управува членството организирано во органите на Информак. Органи на Информак се:

1. Собрание
Собранието е највисок орган на Информак.
Собранието на Информак го сочинуваат сите редовни членови.
Собранието се свикува најмалку еднаш на 6 месеци и по потреба.

2. Извршен одбор
Извршниот одбор е извршен орган на Информак и се состои од седум члена со мандат од 4 години.

3. Надзорен одбор
Надзорниот одбор е орган на Информак и се состои од 3 члена со мандат од 2 години. Надзорниот одбор врши контрола за наменското користење и располагање со средствата и приходите на Информак.