Граѓаните се здружуваат во Здружението за развој на информатичко општество ИНФОРМАК заради вршење на дејности и активности за негување, популаризација и унапредување на информатиката и нејзината примена, подобрување на својот статус и статусот на информатиката во општеството, како и за задоволување на потребите од стручни лица и стручна помош во институциите и органите во државата.

Здружението за развој на информатичко општество ИНФОРМАК постои од 2007 година со цел да им овозможи на сите граѓани доближување до она што значи модернизација и компјутеризација во сите сфери од нивниот општествен живот.

 Граѓаните се здружени во Здружението за развој на информатичко општество ИНФОРМАК заради остварување на поширок заеднички интерес, а како посебни цели и задачи се:
– да ја поттикнува примената на информатиката во сите области во општеството;
– да ги брани правата и интересите на своите членови и да се залага за решавање на нивните проблеми;
– да го унапредува стручното знаење на членовите преку стручни собири, предавања и дискусии на одредена тема;
– да врши едукативни дејности преку организирање семинари, курсеви, симпозиуми и издавање стручни публикации;
– да организира, спроведува и учествува на натпревари по информатика за ученици и студенти;
– да организира информатички школи и кампови; 
Граѓаните се здружени во Здружението за развој на информатичко општество ИНФОРМАК како и за:
– да организира тематски конференции за унапредување на наставата по информатика во училиштата, како наставни планови и програми, учебници и друго;
– да ја поттикнува примената на информатиката во наставата по другите предмети во училиштата и факултетите;
– да ја збогатува стручната литература по информатика со издавање на стручно-научни и стручно-методски публикации;
– да изготвува стандарди и критериуми и дава препораки за вреднување на информатичкиот труд и знаење;
– да покренува иницијативи и дава сугестии за решавање на конкретни проблеми поврзани со информатиката и нејзината примена;
– да соработува со општествените институции, стопанските прганизации и други здруженија;

Здружението ги извршува своите задачи и преку своите органи и тела, во согласност со овој Статут, правилниците, одлуките и други акти.