Врз основа на член 5, 20 и 76 од Законот за здруженија и фондации на РМ (Сл.весник на РМ бр.31/99), Основачите на Здружение за развој на информатичко општество ИНФОРМАК Струмица на основачкото собрание одржано во Струмица на ден 03.04.2017 година го донесе следниот:

С Т А Т У Т
на
Здружение за развој на информатичко општество ИНФОРМАК Струмица

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Чл.1

Здружение за развој на информатичко општество ИНФОРМАК Струмица (во понатамошниот текст Здружението) се формира како самостојно, невладино, непрофитно, хуманитарно, непартиско здружение во кое членуваат граѓаните, државјани на Република Македонија, кои во неа ги остваруваат своите научни, технички и образовни права и слободи.

Чл.2

Здружението дејствува на територијата на Република Македонија, соработува со сите организации и институции и своите цели ги остварува во согласност со постоечкиот Устав на РМ, Законите и Статутот.

Чл.3

Здружението има својство на правно лице со права, должности и одговорности утврдени со овој Статут и Законот за здруженија и фондации. Здружението е самостојно во организирањето и остварувањето на своите цели, задачи и активности во согласност со овој Статут и Законите во Република Македонија.

Чл.4

Називот на здружението е Здружение за развој на информатичко општество ИНФОРМАК Струмица.
Седиште на здружеението е на: Ленинова бр.14/2-1 Струмица.

Чл.5

Здружението има печат и лого.
Печатот на Здружението е во кружна форма со пречник од 4 сантиметри со впишан текст на македонски јазик кој гласи: Здружение за развој на информатичко општество ИНФОРМАК Струмица, а во средината е сместено логото на Здружението. Штембилот на здружението е во правоаголна форма со впишан текст на македонски јазик кој гласи: Здружение за развој на информатичко општество ИНФОРМАК Струмица, со рубрики за деловен број, датум и место.

Чл.6

Во работата на Здружението се употребува името впишано во андлежниот регистар. Работата на телата во Здружението се одвива на македонски јазик.

Чл.7

Здружението ќе има своја жиро сметка, регистарски и даночен број.

2. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Чл.8

Основни цели и задачи на Здружението се:
– Популаризација на информатиката меѓу граѓаните во Р. Македонија;
– Давање едукативни совети од областа на информатиката на своите членови и на Македонската младина;
– Организирање на едукативни курсеви и семинари од областа на информатиката;
– Издавање на информатор со светските новини од областа на информатиката;
– Организација на слични дејности поврзани со информатиката и интернет технологијата.

Чл.9

Своите цели и задачи Здружението ги остварува преку:
– остварување на конкретни програмски активности,
– спроведување на заеднички проекти на членовите,
– организирање на заеднички проекти, трибини, научни советувања и форуми, изложби, спортски манифестации и др,
– основање на клубови и комисии,
– соработка со организации, институции и здруженија од хуманитарен, научен, културен, спортски и образовен карактер,
– вршење и други работи во согласност со Уставот на Република Македонија, Законите и Статут.

3. УСЛОВИ И ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО, ПРАВАТА, ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Чл.10

Во здружението може да членува секој граѓанин, кој ја исполнува законската норма за членување во организација, а кој ги прифаќа целите и задачите на здружението.
– Член на Здружението може да биде лице кое е државјанин на Република Македонија.
– Член на Здружението се станува со потпишување на пристапница и издавање на членска карта.
– Доколку членот го напушти или е исклучен од Здружението, тој има обврска да ги врати пристапницата и членската карта назад во здружението.
– Членувањето во Здружението е слободно и доброволно.
– Здружението има право да одбие барање за членство, за да се заштити себеси.
– Член на организацијата не може да биде правно лице и истото да ги користи погодностите на организацијата.

Чл.11

Основни принципи на работа на здружението се:
– се почитува автономијата и самоствојноста на секој член на здружението,
– сите членови на здружението се рамноправни и еднакви во оставрувањето на правата и обврските,
– еднаквост во слободата,правата и обврските на секој член без разлика на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичко и верско уверување, имотната и општествената положба.

Чл.12

Членството во здружението престанува по сопствено барање или со исклучување поради непридржување кон одредбите од Статутот и Правилникот за работа.
Доколку Извршниот одбор утврди дека некој негов член прекршил некои одредби од Статутот и Правилникот за работа или направил дело кое штети на угледот на здружението, против него може да се покрене дисциплинска мерка, каде Извршниот одбор одлучува за казната.
Одлуката за исклучување ја донесува Извршниот одбор, а се применува за член кој направил груба повреда на Статутот и правилникот за разбота на Здружението или направил дело кое штети на угледот на здружението.
Во случај на исклучување, загарантирано е право на жалба на членот во рок од осум дена по приемот на решението, до Собранието, кое едолжно да се состане најдоцна 15 дена од приемот на Жалбата и да донесе одлука со мнозинство од вкупниот број членови.

Чл.13

Правата и обврските на членовите на здружението се:
– да дава предлози, мислења и забелешки, заради остварување на целите и задачите на здружението,
– да се придржуваат на одредбите на овој Статут, Правилникот и Актите на органите и телата на здружението,
– да учествуваат во извршување на задачите и програмските активности на здружението,
– да плаќа чланарина,
– право на гласање имаат оние членови кои ги имаат подмирено своите обврски кон здружението и кои биле најмалку една година членови на здружението,
– да вршат други работи кои се во согласност со Статутот на здружението и важечките законски норми во Република Македонија.

Чл.14

Одговорноста на членовите на здружението се утврдува врз основа на преземанитер обврски и надлежности во согласност со овој Статут.

4. ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ОРГАНИЗИРАЊЕ

Чл.15

Здружението се организира на територијален принцип.
Основен облик на територијално организирање на здружението е градска организација.

Чл.16

Работата на градската организација се уредува со унифициран Деловник за работа кој е во согласност со овој Статут.
Активностите на Градската организација мора да се во согласност со овој Статут и законските норми во Република Македонија.

5. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО И НИВНИТЕ ПРАВА, ОБВРСКИ И ОДГОВОРНОСТИ

Чл.17

Органи на здружението се:
– Собрание
– Извршен одбор.

А. СОБРАНИЕ

Чл.18

Собранието е највисок орган на одлучување во Здружението.
Собранието го сочинуваат сите членови на Здружението.

Чл.19

Со Собранието раководи Претседател кој се бира со мнозинство гласови од присутните и има мандат од 1 (една) година со право на реизбор.
Претседателот на Собранието има задача да ги подготви и води собраниските седници.
Претседателот на Собрание е воедно и Застапник на здружението.

Чл.20

Собранието работи на пленарни седници, најмалку еднаш во годината.
Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Собранието, а во случај на негова спреченост член кој за тоа е овластен од Претседателот на Собранието.
Седница на Собранието се свикува и по барање на орган на здружението или1/5 од вкупниот број на делегати во Собранието на Здружението.

Чл.21

Собранието може полноважно да работи и одлучува доколку на едницата присуствуваат повеќе од половина од вкупниот број на длеегати.
Собранието донесува Одлуки со мнозинство гласови од присутните делегати, доколку не е поинаку предвидено со овој Статут.
За работата на собранието се води записник што го потпишуваат претседавачот на седницата и двајца заверувачи на записникот.

Чл.22

Собранието на Здружението ги има следниве права, должности и одговорности:
– донесува Статут, Програма и други Акти на Здружението,
– врши измени и дополнувања на Статутот и Програмата,
– утврдува насоки за работа на Здружението,
– усвојува Завршна сметка и финансиски план,
– одлучува за промена на целта на здружението,
– избира органи на здружението,
– формира работни тела на Здружението,
– донесува Деловник за својата работа,
– одлучува за промена на името на здружението,
– одлучува за престанок со работа на здружението со двотретинско мнозинство.
– Одлучува за основање и укинување на ограноци и други облици на организирање на здружението.
– Одлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојуз и меѓународни организации,
– Одлучува и за други работи кои не се во надлежност на другите тела на здружението,
– Врши и други работи што произлегуваат од програмските определби или се утврдени со закон, со други прописи или овој Статут.

Чл.23

Правата, должностите и одговорностите на Собранието во итни случаеви ги врши Извршниот одбор на Здружението, при што има обврска на првата наредна седница на Собранието да поднесе извештај за превземените активности.

Б. ИЗВРШЕН ОДБОР

Чл.24

Извршниот одбор е извршен орган на здружението.
Извршниот одбор брои 5 членови, со мандат од една година со право на реизбор.
Членови на Извршниот одбор се: Претседателот, Потпретседателот и Секретарот на здружението и два члена кои ги бира Собранието.

Чл.25

Претседателот на Извршниот одбор е и Претседател на здружението.
Седниците на Извршниот одбор ги свикува и со нив раководи Претседателот на Здружението.
Седниците на Извршниот Одбор се свикуваат по предлог на:
– претседателот на здружението,
– најмалку 1/3 од неговите членови.

Чл.26

Извршниот одбор полноважно може да работи и одлучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на членови.
Извршниот одбор своите одлуки ги донесува со јавно гласање, со мнозинство од присутните членови, доколку со овој Статут не е предвидено поинаку.
За работата на Извршниот одбор се води Записник кој се усвојува на наредната седница, го Потпишуваат Претседателот на Здружението и записничарот.

Чл.27

Извршниот одбор ги има следните права, должности и одговорности:
– го подготвува нацртот на статутот и другите одлуки што треба да ги донесе собранието,
– му предлага ставови и заклучоци на собранието,
– ја спроведува политиката, ставовите и одлуките донесени од собранието,
– управува и одговара за управувањето со имотот на здружението,
– подготвува годишен или периодичен извештај за својата работа,
– донесува деловник за својата работа,
– одлучува за висината на чланарината,
– именува потписници на жиро сметката на здружението,
– извршува и други работи што ќе му ги довери собранието на здружението и што произлегуваат од овој статут.

Чл.28

За својата работа Извршниот одбор одговара оред собранието на здружението.
Собранието на здружението може да го отповика Извршниот одбор или одделен негов член.
Предлог за отповикување на Извршниот одбор или одделен негов член може да поднесе орган на здружението или најмалку 1/3 од делегатите на собранието на здружението.
Предлогот за отповикување мора да биде во писмена форма.

В. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Чл.29

Претседателот на Извршниот одбор е воедно Претседател на Здружението.
Претседателот на здружението своите права и должности ги врши врз основа на овој Статут и актите на Собранието.
Во случај на привремена спреченост на Претседателот на Здружението, него го заменува секретарот или потпретседателот, по овластување на претседателот.

Чл.30

Кандидат за Претседател на здружението може да предложат најмалку двајца делегати на собранието.
За избран се смета оној кандидат кој добил мнозинство гласови од вкупниот број делегати на собранието.
Мандат на Претседателот на Здружението трае 1 година, со право на реизбор.

Чл.31

Претседателот на Здружението ги има следните права, должности и одговорности:
– свикува седници на Собранието и Извршниот одбор,
– ја спроведува политиката на здружението,
– го претставува и застапува здружението,
– го координира функционирањето на здружението,
– се грижи за спроведувањето на одлуките, заклучоците и другите акти на здружението,
– ги потпишува актите на здружението,
– предлага програма за развој на здружението,
– предлага начин и форми на финансирање на здружението,
– предлага канидати за членови на извршниот одбор,
– предлага кандидати за Потпретседател и Секретар на Здружението,
– врши други работи што ќе му ги довери Собранието, Извршниот одбор или произлегуваат од Статутот.

Чл.32

Функцијата Претседател на Здружението престанува по сопствено барање или со разрешување од Собранието на Здружението.
За одговорноста на Претседателот на здружението одлучува Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број делегати, на предлог на најмалку 1/3 од вкупниот број делегати.

Г. ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Чл.33

Потпретседателот на Извршниот одбор воедно е и Потпретседател на Здружението.
Собранието на Здружението со мнозинство гласови од вкупниот број на делегати избира Потпретседател.
Мандатот на Потпреетседателот трае 1 година, со право на реизбор.

Чл.34

Потпретседателот врши работа од делокругот на Претседателот што ќе му ја довери тој или друг орган на Здружението.

Чл.35

Функцијата на Потпретседателот му престанува по сопствено барање или со разрешување од Собранието.
Предлог за разрешување на Потпретседателот може да поднесат орган на Здружението или најмалку 1/3 од вкупниот број делегати во Собранието на Здружението.

Д. СЕКРЕТАР НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Чл.36

Секретарот на Извршниот одбор воедно е и Секретар на Здружението. Секретарот на Здружението го избира Собранието, по предлог на Претседателот со мнозинство гласови од вкупниот број делегати.
Мандатот на Секретарот трае 1 година, со право на реизбор.

Чл.37

Секретарот ги има следните права, должности и одговорности:
– ги подготвува седниците на органите на Здружението,
– ги кординира активностите за спроведување на одлуките, заклучоците и ставовите на органите и телата на Здружението,
– ја води архивата на Здружението,
– ја води кадровската политика на Здружението,
– ја организира и раководи со стручната служба на Здружението,
– врши други работи што ќе ги доверат органите на Здружението.

6. СТРУЧНА СЛУЖБА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Чл.38

Функцијата на Секретарот на Здружението му престанува по сопствено барање или со одлука на Собранието на Здружението.
Предлог за разрешување на Секретарот на Здружението може да поднесат орган на Здружението или најмалку 1/3 од вкупниот број на делегати на Собранието.

Чл.39

Здружението има стручна служба што ги извршува стручните, оперативните и другите работни задачи што се во интерес на здружението.
Работата на стручната служба се уредува со Деловник за работа на стручната служба што ги носи Извршниот одбор на Здружението.

7. КОНТРОЛА ВРЗ РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Чл.40

Контролата ВРЗ РАБОТАТА НА Здружението ја вршат нејзините органи и членови на начин утврден со овој Статут.
Контролата над законитостите на работењето на Здружението, во согласност со законите вршат надлежните органи и служби на Република Македонија.

8. ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Чл.41

Здружението го претставува Претседателот.
По негово овластување или во случај на спреченост Здружението го претставува потпретседателот или секретарот.

9. СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЕТО, НАЧИН НА СТЕКНУВАЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ

Чл.42

За остварување на своите цели и задачи, Здружението стекнува средства, и со нив располага во согласност со овој Статут и закон.

Чл.43

Здружението стекнува парични средства, предмети и материјални добра што се обезбедуваат од:
– чланарина,
– доброволни прилози,
– приходи,
– кредити,
– подароци,
– донации и
– од други извори

Чл.44

Стекнувањето, користењето и располагањето со средствата на Здружението се врши на начин утврден со општи прописи, со законот и со овој Статут.

Чл.45

Средствата на Здружението можат да се користат само за намени утврдени со финансискиот план и врз основа на соодветен документ.
Наредбодавач на извршувањето на финансискиот план, а во согласност со законот, го утврдува Извршниот одбор на Здружението.

10. ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЈАВНОСТА ЗА РАБОТАТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Чл.46

Здружението обезбедува известување на јавноста преку:
– обезбедување на непречено присуство на нејзините членови на седниците и органите и телата на Здружението,
– достапност на извештаите и другите материјали до членовите и заинтересираните лица,
– издавање свој весник.

11. ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО СО РАБОТА И РАСПОЛАГАЊЕ НА НЕЈЗИНИОТ ИМОТ ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕСТАНОК

Чл.47

Здружението може да престане со работа доколку:
– за тоа со 2/3 мнозинство одлучи Собранието на Здружението,
– бројот на своите членови се намали под бројот определен со Закон,
– настапи било која од причините утврдени со Закон, за престанок со работа на Здружението.
Во случај на престанок со работа на Здружението имотот и средствата се распоредуват за добротворни цели.

12. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТАТУТОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Чл.48

Иницијатива за измени и дополнувања на Статутот на Здружението може да поднесе секој орган или работно тело на Здружението.

Чл.49

Иницијативата за измени и дополнувања на Статутот се поднесува во писмена форма до Собранието.
Одлука за измени и дополнувања на Статутот се носи со 2/3 мнозинство од вкупниот број делегати на Собранието на Здружението.

13. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Чл.50

Прашањата кои не се регулирани со овој Статут ре регулираат со акти на Собранието.

Чл.51

Толкувања на одредбите на овој Статут дава Собранието, а помеѓу две седници на Собранието Извршниот одбор.

Чл.52

Овој статут влегува во сила со денот на донесување.

Здружение за развој на информатичко општество
ИНФОРМАК Струмица

Претседател

Илија Серафимов