Име на проект: НВО портал сервис – во правец кон ЕУ

Тип: 2

Приоритетна цел: Нови технологии (6)

Буџет: 1.836.000,00 денари

Одобрен од: Генерален секретаријат на Влада на Република Македонија

Датум: 23.05.2017 година

Знаејки ја потребата од информација за ЕУ програми, повици, и новости и најави, најчесто НВО секторот е во комбинација со Јавниот сектор, но се почетно НВО секторот се комбинира и со Приватниот сектор (Европската стратегија за развој на МСПја). Новите технологии на пласирање на информации и самата дигитализација на документи, ИСО стандардите за администрација, ја олеснија работата но, наметнаа нови принципи на on-line поднесување на документи, дигитализирани бази на документи, пристап преку сервери во бази на документи, одржување на семинари и обуки виртуелно, како што се познатите интернет семинари- Webinars, или апалтката на Microsoft “Go to meeting” и многу други, како и целиот развој, бизниси, процедури за проекти и програми, се пренесе во електронскиот дигитален свет, создавајќи е-општество. Овој проект има за цел да се дизајнира портал кој на најсовремен начин ќе претставува една комплексна база на податоци кон програми и проекти за ЕУ финансирање, за сите сектори, пред се за НВО секторот а, потоа и за Јавниот сектор и за Приватниот сектор, се со цел што повеќе да се искористат ЕУ фондовите. Невладините се оската по која се движат европските програми, и во суштина повиците се однесуваат на НВО, потоа на Јавен сектор во комбинација со НВО, и приватен сектор во комбинација со НВО. Преку проектот и самиот невладин сектор во Република Македонија би бил поттикнат да се активира во сите сфери, што станува неопходно.
НВО секторот станува алка без која не се може, е битен елемент- партнер во скоро секој проект, и потреба кон креирање на квалитетен проект. Бидејки самото потпишување на договори за финансирање и соработка е исто така пренесено во дигиталниот свет, целиот тој процес на Информација- Пренос на знаења- правила и повици- вебинари- услуги и сервиси- аплицирање- партнерства- меморандуми и соработка- аплицирање- добивање на грантови, поддршка, финансирања- имплементација на проектот и слично се одвива во светот на дигиталните технологии. Порталот ќе биде мултифункционален, и зад истиот ќе биде активиран тим и ростер на експерти.